Во длабочината на твоите очи
- Emerara
- Mar 13
- 1 min read
И не може да постои нешто поубаво од твојот поглед. Сјајот во твоите убави кафени очи. Очи како огледало за душата, како ехо од нешто многу поголемо што само тие можат да го изразат. Не постои поубав пејсаж, не постои поубава глетка. После тој сјај веќе немам за што да пишувам. Како да доловам убавина која го надминува тој поглед? Не постои. Нема никогаш да постои.
Кога ме погледна, целиот мој свет замрзна. Во тој момент не бев свесна за значењето на тој сјај. Се чувствував како да сум на некое место каде што времето не тече, каде што само твоите очи постојат. Ти беше сè што ми требаше, а сепак не разбирав што всушност значи тој миг.
Сега, кога се сеќавам на тоа, знам дека тој поглед беше нешто многу повеќе од само светлина во твоите очи. Тој беше сјај што ја променил мојата реалност, нешто што и да сакам, нема да можам повторно да го доживеам. Тој поглед се доживува само еднаш во животот.
Одрекување од одговорност:
Приказниве се зачинети со многу драма, а ликовите се измислени, затоа што драмата почнува тогаш кога логиката завршува. ☺
コメント