“I am so proud of you, my Oldze.”
- Emerara

- Aug 29
- 2 min read
Сè уште беше темно кога се разбудив —
со срце што трепери, забрзано од нешто кршливо,
нешто што го донесе сонот во кој нормално дека ти беше главна улога. Побрзав да го запишам додека зборовите не се расплинат,
да го зачувам она што остана од сонот,
пред да исчезне со секој изречен збор. Поетско читање, налик исто како останатите до сега. Топол ѕид од луѓе. Ракоплескања што ја разнежнуваат тишината помеѓу стиховите,
Но, вечерва нешто ми прегриза дел од срцето.
Толпата пуста без твоето присуство.
Некој чуден немир се провлече низ мене како сенка.
Овој пат нешто вистински ми недостасуваше.
Не те видов во публиката.
Можеби некаде таму позади или скриен во толпата.
Денес не си тука како најверниот обожавател, кој секогаш ги чува моите падови и летови.
Не си овде како моја најголема потпора.
Имаше премногу очи вперени во мене, а сепак недостасуваа само оние очи кои безгласно довикуваа “I am so proud of you, my Oldze.” Ми капна солза, но ја сокрив зад насмевка и одглумев дека таа е само дел од приказната, дел од глумата.
Денес недостасуваш ти.
Повеќе од стих.
Повеќе од аплауз што ги тресе ѕидовите.
Твоето отсуство ме разбуди, за да го запишам пред да избледи.
Го барав телефонот, се борам со пасвордот што бавно ми ги украде минутите,
јасно знам дека не се сеќавам каде го пишав тоа, каде го пратив —
само знам дека требаше да запишам,
бидејќи во тој миг, кога најмногу ми требаше,
сè уште те носев со себе, во секој збор, во секоја пауза.
*I am so proud of you - на англиски значи “Горд/а сум на тебе”.
*Oldze - Е топол прекар што тој ми го даде. Надимак кој е дел од нашата приказна,
Одрекување од одговорност:
Приказниве се зачинети со многу драма, а ликовите се измислени, затоа што драмата почнува тогаш кога логиката завршува. ☺



Comments