top of page

Женкар

Бев помлада и во луѓето гледав само добро

Добрина што не постоеше.

Не можев да сфатам

дека беше нож тоа што го мафташе наоколу храбро,

Бев болна, ете така се погоди

Ми требаше време да прифатам

дека беше тоа ножот со кој ме прободи.

Но, како што моето здравје почна да се подобрува,

Чувствував вознемиреност која никако не се смирува.

Покрај мене, твоето присуство го замислував

Но, не вредеше - се премислував.

Се покажа како идиот - гласно размислував.


Ме искористи, стварно си бил мудар.

Ти честитам! Одличен играч, признавам.

Две муви со еден удар,

Знаев дека не беше искрен,

како ли можев да заборавам ?!


Таа кутрата, не е виновна, ништо не знаеше.

Твоето флертување и повиците, тоа веќе некое време траеше.

Женкар!

Не можеш да живееш без женско внимание.

Кога ќе се сетам дека те чекав да дојдеш со нетрпение.

Но никогаш нема за тоа да молам

Ми купуваше скапи подароци,

мислеше така се ќе заборавам.

Не сонце, не сакам материјални ствари ниту остатоци.

Така нема да ги скриеш своите недостатоци.

Ги имаш премногу.


Јас уште мислев и дека си паметен,

а ти се покажа како еден голем кретен!

Довербата не се доделува, туку се заработува со труд,

Сепак, твоите напори пропаднаа, тотален апсурд!

Уште од првите зборови што ги кажа,

Порој од невистини, цел наратив раскажа.

Сè се чувствуваше толку неточно,

вознемирувачка глетка,

во тој момент самиот се заплетка,

лага врз лага и сега веќе се е нелогично.


Мојата интуиција, водич најсигурен досега,

Нејзиното функционирање е мистерија,

Во моменти на сомнеж и хистерија,

Мојава утроба само по неа посега.

Нејзините шепоти секогаш ги почитувам

Зашто клуч на слободата само во неа наоѓам.




Одрекување од одговорност:

Приказниве се зачинети со многу драма, а ликовите се измислени, затоа што драмата почнува тогаш кога логиката завршува. ☺

Related Posts

See All
bottom of page