top of page

Изгубени во пламенот на алчноста

Updated: Mar 20

Сите слушнаа за Македонија. Но, наместо да се споменуваме по нешто убаво, најчесто зборуваат за трагедиите што ги предизвикаа раковите на корупцијата. Резултат на сите тие што мислат дека со врски ќе решат сè. На сите тие што се алчни и, за некоја пара плус, ќе потпишат дека виделе вонземјани или вампири.

Во гроб нема да ги однесете милионите. Но, однесовте премногу невини животи. Во секој момент, при секое трепкање на очите, ќе ги носите сликите од децата, од фалсификуваните потписи, од сите тие што исчезнале во пламенот на несреќата.


А ние, кои од страна гледаме, дали ќе научиме нешто? Или ќе чекаме на своја кожа да ја почувствуваме болката што тие сега ја носат?

Сите болат подеднакво.

Сите изгубија некого.

Сите беа нечии деца. Нечии брат, нечија сестра, нечиј сопруг, сопруга.

Најмногу од се, ме погоди дечкото што отишол да прослави за своето новороденче. Она што требало да биде прослава на новиот живот, се претворило во трагедија.


Јави се, кажи ги некажаните зборови. Сподели го она што ти лежи на душа. Премолчи, прости, премижи, но не остави ништо неизречено.

Сите оние планови за иднината – лето во Хрватска, пикник на Велешко езеро, ручек во Куманово – како мислиш да ги оствариш ако го бркаш единствениот што е тука, кој се труди за тебе?

Што ако утре ја нема? Што ако денес е твојата последна шанса да и кажеш се што ти лежи на душа? Што ако ова е последната шанса да го промениш сѐ и да го најдеш мирот? Ќе ја прокоцкаш заради гордоста?

И кога ќе ја загубиш, што ќе правиш со гордоста?


Гореше огнот. Гореа сеќавањата. Гореше целата надеж. Со секој пламен исчезнуваа делови од нивните најблиски, парчиња од душата што не можат да се вратат. Згаснаа нечии чеда. Секој изгубен живот е како неповратна сенка која исчезнува во мракот, оставајќи празнина што никогаш нема да се пополни. Тие се однесоа во пепел, а нивните имиња и сеќавања ќе останат како таги што никогаш не ќе избледат.




Одрекување од одговорност:

Приказниве се зачинети со многу драма, а ликовите се измислени, затоа што драмата почнува тогаш кога логиката завршува. ☺

Comments

Rated 0 out of 5 stars.
No ratings yet

Add a rating

Приватност

bottom of page