top of page

Сенки на тагата

Размислување за денешниот свет

 

   Ретко останувам без зборови.

Но светот во последно време... О, проклето.

Каде, по ѓаволите, живеам?

Ако не сте знаеле, се води војна. Барем така сакаат да го наречат затоа што реалноста е поинаква. 

А веројатно има и други за кои не знаеме многу бидејќи медиумите не зборуваат за нив.

Значи ги имаме психопативе. Да. Психопати. Ако ја одобрувате таа „војна“, ако постојано велите дека невин заслужува да умре, тогаш психопат може да е мал збор за вас.


Потоа, тука е Палестина, тие не можат ни да се одбранат…

Навистина не можам повеќе да ги гледам како страдаат.

Гледам деца толку силни и се срамам.

Никогаш немав, ниту приближно толку сила.

Ги гледам како се тресат, шокирани, изгубени и сфаќам дека сум благословена за тоа што го имам.

Сфаќам дека моите трауми се само некои мали лекции дадени од животот.

Гледам дека се благодарни за се.

За нивниот оброк, ако го добијат.

За сонцето, ако го видат.

За новиот ден, ако стигнат да го живеат.

За сè.

И сфаќам дека имам се за да бидам среќна.


А тука е и светот. 

Гледам луѓе кои се молат за Палестинците.

Гледам луѓе кои се борат за нив. 

Поддржувајќи ги. 

Зборувајќи за нив!

Тие се обидуваат да го запрат геноцидот. Се обидувааат некако!

И тука се моите луѓе. Премногу тажно.

Ние сме различни.

Кога станува збор за другите, ние се грижиме само за тоа што другите мислат за нас.

Не се обидуваме да поддржиме никого.

Мала земја. Со луѓе кои поседуваат поголемо его од срца.

Ние сме водени од амбиција. Го поддржуваме она што е познато.

Малите бизниси и малите луѓе не се тема за дискусија.

Целиот свет излезе да го поддржи она што е правилно. 

Да ги поддржиме Палестинците затоа што нивните животи се важни!

Илјадници луѓе ширум светот, црни, бели, жолти, муслимани, христијани, СИТЕ освен нас. Само сто луѓе. Сто умираат за еден ден во Палестина. Дали е тоа број вреден за споменување?

Не, срамота е да се спомене. Сто од цела држава.

Никој не зборува за тоа. Дури им е смачено.

Смешно е како се борат за гивавеј од 1000 денари и го споделуваат насекаде. 1000 денари.

Да, тоа е мојот народ.


И не ми е гајле дали ќе ме мразат затоа што ја кажувам вистината.

Им благодарам на тие неколку ЛУЃЕ што ги имам околу мене и само тие ќе ги задржам.


Со почит,

Вашара Емерара

❤️💚🤍🖤







Одрекување од одговорност:

Приказниве се зачинети со многу драма, а ликовите се измислени, затоа што драмата почнува тогаш кога логиката завршува. ☺

Related Posts

See All
bottom of page