top of page

Хармонија на срцето




Убаво рече еден пријател мој, “заљубена душа нема за што да пишува”.

И знаете стварно е така.

Кога сте сакани онака како што заслужувате, кога сте сакани правилно, веќе се е поедноставно.

Само на убавите нешта се фокусирате.

Само што сте го поставиле коренот а веќе го гледате плодот.

Веќе ги замислувате тие убави цветови во сите бои.

Најразлични ароми.

Секоја со својата убавина.


Смирени сте, нема паника, нема анксиозност.

Нема кој да ви ствара немири ниту нервози.

Нема непреспани ноќи.

Нема двоумење.


А зошто?

Затоа што константно ве потсетуваат колку сте сакани.


Секој сомнеж уште пред да се појави е веќе решен.

Нема мое-твое, има наше .

Нема "дали би сакал да.. " - има "само кажи кога".

Нема "досадно ми е ", дури и неправењето ништо е забавно.

И тишината стана убава мелодија.

Толку е тивко што и пулсот можам да ти го слушнам.


И секој треба да го бара тоа.

Почитта која ја заслужува.

Разбирањето кое е потребно.

Компромис без кој не се може.

Трпението, за да се изгради врска во која секој би сакал да биде.

И бескрајна љубов.


Се надевам сите вие ќе ја почувствувате таа вистинска љубов, затоа што без тоа искуство, вреди ли воопшто животот?




Одрекување од одговорност:

Приказниве се зачинети со многу драма, а ликовите се измислени, затоа што драмата почнува тогаш кога логиката завршува. ☺

Related Posts

See All
bottom of page